Жена силувана во полн автобус во Рио де Жанеиро

Од:

Вооружен маж силувал 30-годишна жена во автобус во Рио де Жанеиро, пред очите на останатите патници.

Како што соопшти полицијата, вооружениот маж, кој најверојатно бил под влијание на дрога, влегол во автобусот во една од фавелите на Рио де Жанеиро и под закана дека ќе ги убие, ги натерал патниците да се соберат во еден дел од автобусот. Потоа, од групата патници ја извлекол 30-годишната жена ја однел во празниот дел на автобусот ја истепал и ја силувал.

За цело време на инцидентот автобусот бил во движење. По изминати 20 километри, насилникот го напуштил возилото. Инцидентот следи по настанот во Рио од ноќта меѓу 30 март и 1 април, кога во градски автобус во движење тројца насилници неколку часа повеќекратно сулуваа една 21-годишна американска студентка и го претапаа нејзиниот 23-годишен пријател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил