Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Кувајт, соопшти Министерството за информации.
Министерството на Твитер објави дека „Националната сеизмичка служба на Кувајт забележала земјотрес со јачина од 5 степени на југозападниот дел на Ал Ахмади, а се случил точно во 04:28 часот по локално време, на длабочина од 5 километри“.
Кувајтската противпожарна служба соопшти дека во земјотресот не е причинета материјална штета.