Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Групата седум инустриски најразвиени земји во светот (Г-7) одржуваат состанок на италијанскиот остров Искја за да договорат заеднички настап против џихадистите по поразот групата Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак.
Се стравува дека по губењето на сите поголеми градови што беа под нивна контрола џихадистите масовно се префрлаат во Европа, каде може да извршат нови напади.
Се претпоставува дека меѓу 25 и 30 илјади исламисти кои доаѓаат од најразлични држави низ светот ќе бидат потиснати од главното упориште на ИД во Сирија, Рака, а од нив околу 5.000 се европски државјани.
Дел од разговорите е соработката со информатичките компании како Фејсбук, Гугл, Мајкрософт и Твитер да помогнат во откривањето на џихадистите и сузбивањето на нивната пропаганда.