Земјите од ЕУ меѓусебно ќе си ги признаваат тестовите за Ковид-19

Од:

Земјите-членки на ЕУ денеска се договорија за зајакнување на употребата на брзи антигени тестови и за меѓусебно признавање на резултатите од тестовите за Ковид-19, соопшти Советот на ЕУ.

Советот наведува дека употребата на брзи тестови и заемно признавање на резултатите од тестовите за Ковид-19 низ ЕУ се од суштинско значење за ублажување на ширењето на вирусот, како и за придонес кон непречено функционирање на внатрешниот пазар и за олеснување на прекуграничното движење и лекување.

– Клучните компоненти на оваа препорака вклучуваат валидација и заемно признавање на брзите антигени тестови и RT-PCR тестови меѓу земјите-членки, размена на стандардизиран собир на податоци, развој на заедничка листа на брзи антигени Ковид-19 тестови и одредување на приоритетите за употреба на ваквите тестови, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Препораката вклучува и одредби кои се однесуваат на предизвиците на „еволутивната пандемија“, односно дека заедничката листа на соодветни брзи тестови за Ковид-19 треба да биде доволно флексибилна за да се додадат или отстранат оние тестови врз чија ефикасност влијаат мутациите на вирусот.

Би можело да ве интересира

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика