Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска оцени дека одржувањето на претседателски избори за време на војната не е опција за Украина.

Калас го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „диктатор“ и нагласи дека украинскиот лидер е избран преку демократски процес.

„Овие изјави се доста интересни. Кога првпат ги слушнав, бев сигурна дека (Трамп) смени двајца лидери, бидејќи во Русија немаше вистински избори веќе 25 години. (Рускиот претседател Владимир) Путин никогаш не се соочил со вистинско гласање“, изјави Калас на новинарите пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, според веб-страницата на ЕУ.

Таа нагласи дека Зеленски е избран на слободни и фер избори и посочи дека многу земји имаат уставни одредби кои забрануваат избори за време на војна, бидејќи, како што наведе, „политичкиот натпревар може да го поткопа националното единство во време кога сите напори мора да бидат насочени против надворешниот непријател“.

Калас оцени дека некои наративи кои доаѓаат од САД ја одразуваат руската пропаганда. Трамп минатата недела рече дека рејтингот на Зеленски паднал на 4 отсто и дека украинскиот лидер е „диктатор без избори“. Тој исто така повика на одржување избори во Украина.

Би можело да ве интересира

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Две лица загинаа, a седум се ранети во најновиот напад на Киев

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Руските сили погодија фабрика за тутун во британска сопственост

A1on

(ВИДЕО) Поранешен директор на ЦИА: Украина е воена лабораторија на 21 век