Земан го покани новиот израелски претседател да ја посети Чешка

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан го покани неговиот новоизбран израелски колега Рувен Ривлин да ја посети Чешка и тој ја прифатил поканата, соопшти денеска портпаролот на шефот на чешката држава, Јиржи Овчачек.

Земан е познат како поддржувач на Израел во конфликтот со Палестинците и тој често ја поддржува еврејската, а ги напаѓа исламските држави, јави дописникот на МИА од Прага.

За долготрајниот израелско-палестински конфликт во Појасот Газа, Земан преку портпаролот во понеделникот рече дека „во било која земја не може да се толерира постојано да паѓаат проектили“.

Иако се зборува дека традицијата на претходната Влада за заедничка средба со израелските колеги ќе продолжи, сепак се појавија експерти кои тврдат дека поддршката на Израел од страна на новиот чешки министер за надворешни работи Лубомир Заоралек, повеќе не е толку силна.

Чешка се смета за постојан сојузник и еден од главните поддржувачи на Израел не само во ЕУ, туку и во светот. На пример, таа беше единствената земја, која во ОН гласаше против Резолуцијата која ја промовираше Палестина во земја нечленка-набљудувач.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас