Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат Москва

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат 12-месечната војна на Русија.

Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на „државата агресор“ ќе бидат казнети, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.

На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои и помагаат на Русија во испораките и три физички лица.

Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа и другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци. Тој, исто така, им се заблагодари на „сите кои помагаат во зајакнувањето на санкциите против Русија“, како и на истражителите кои откриваат и гонат затајувањето на руските санкции.

Во градот Костијантиника во регионот Доњецк, во саботата во руски ракетни напади врз станбени згради загинаа три, а беа ранети 14 лица, рече Зеленски.

Зборувајќи за изгледите за воена помош од Западот, претседателот нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции