(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Од:

Во денешното интервју за Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за поддршката на САД за Украина во нејзината војна против Руската Федерација. Тој повторно јавно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, а го испровоцира и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

„Претседателот на Украина зеде пари од нашата земја под администрацијата на Бајден како бонбони од дете. Тој е паметен и жилав, но ни ги зеде парите. Му беше лесно. Мислам дека не е благодарен“, рече Трамп.

Зборовите на Трамп доаѓаат само неколку дена откако САД ја прекинаа воената и безбедносната разузнавачка помош за Киев.

Претходно, на 28 февруари, во Белата куќа се одржа средба меѓу Трамп и Зеленски, која заврши лошо со жестока расправија и исфрлање на Зеленски од Овалната соба.

Би можело да ве интересира

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија