„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Од:

Русија соопшти дека заканите на Доналд Трамп за нови санкции нема да ги запрат нејзините цели во Украина, изјави портпаролот на руската влада, откако американскиот претседател се закани дека ќе воведе нови финансиски санкции за да ја принуди Москва на прекин на огнот.

„Првата реченица од објавата е најважна. Со месеци САД беа фокусирани на победата на Украина. Сега постои признание за реалноста дека позицијата на Украина на бојното поле е лоша“, рече Марија Захарова, портпаролка на рускотото Министерство за надворешни работи, одговарајќи на објавата на Трамп на социјалните мрежи, во која тој напиша дека Москва „силно ја бомбардира“ Украина.

„Вистината е дека Украина беше поразена затоа што имаа доверба и се потпираа на претходната Бела куќа. Што се однесува до новите санкции, ние веќе се соочивме со толку многу санкции и тие не го спречија остварувањето на нашите цели“, додаде Захарова.

Трамп денеска се огласи на социјалната мрежа Truth Social за да направи голема промена во тонот на неговите неодамнешни изјави во корист на Москва, особено откако изби расправија во Овалната соба, кога Трамп и потпретседателот Џ.Д.Венс го критикуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски. САД последователно го суспендираа споделувањето разузнавачки информации и воената помош за Украина.

„Врз основа на фактот дека Русија во моментов ја „бомбардира“ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за воведување на широки санкции, санкции и царини кон Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша американскиот претседател во петокот.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

Виткоф се среќава со Путин во Санкт Петербург

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година