(ВИДЕО) Зеленски: Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Москва

Од:

Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква кој зависи од Московската патријаршија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој во синоќешното обраќање рече дека Националниот совет за безбедност и одбрана ќе и наложи на Владата да му предложи на Парламентот нацрт-закон со кој ќе се оневозможат активностите на верските организации во Украина поврзани со центрите на влијание во Русија.

Мерките уследија по минатомесечните претреси извршени од украинските безбедносни служби во главниот манастир во Киев, резиденцијата на поглаварот на Украинската православна црква и неколку други верски места, поради сомневање за врски со Москва.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер: За да се стави крај на војната во Украина, мора да ја слушаме Кина

Ана Ололовска

Медведев: Москва се подготвува за украинската контраофанзива

Ана Ололовска

Ѕвездата на Star Wars собира пари за дронови за Украина

Ана Ололовска

Пригожин одговори: Не заминувам од Украина

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Снимка од Пригожин кој покажува на мапа: „Украинците подготвуваат три клучни удари“

Ана Ололовска

Украинците тврдат дека вчера убиле над 1.000 руски војници

Ана Ололовска