Зеленски: Ова е војна на сила, отпорност, се работи за тоа кој е најсилен

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека новата стратегија на Русија да ја втурне Украина во мрак со напади врз нејзината енергетска инфраструктура нема да ја ослабне решителноста на неговата земја.

„Тоа е војна на сила, отпорност, се работи за тоа кој е најсилен“, вели Зеленски во интервјуто објавено во денешното издание на „Фајненшл Тајмс“.

Околу 15 региони во Украина се соочуваат со проблеми во снабдувањето со вода и електрична енергија.

Само во главниот град Киев, околу 60 отсто од населението се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Украина и денеска продолжува да работи на санирање на енергетската инфраструктура оштетена од руските удари, со цел да обезбеди струја и греење за милиони граѓани.

„Состојбата со струјата и понатаму е тешка во речиси сите региони“, рече Зеленски синоќа во редовното обраќање и додаде дека постојано се врши приклучување на потрошувачите кон електричната мрежа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски