Володимир Зеленски рече дека Украина разбира дека не може да се приклучи на НАТО додека беснее војна на нејзина територија, но истакна дека Киев сака сигнал дека може да се приклучи на воената алијанса по завршувањето на војната.
„Разбираме дека не можеме да бидеме членка на НАТО за време на војната, но мора да бидеме сигурни дека ќе бидеме по војната“, рече Зеленски на прес-конференција со полскиот и литванскиот претседател кои го посетија во Киев.
„Ова е сигналот што сакаме да го добиеме – дека Украина ќе биде членка на НАТО по војната“, додаде тој.
Повторувајќи ја позицијата на Киев пред самитот на НАТО следниот месец во Литванија, тој рече дека Украина исто така сака безбедносни гаранции за периодот додека не се приклучи на алијансата.
„Сакаме трет сигнал на самитот на НАТО дека Украина ќе добие безбедносни гаранции – не наместо НАТО, туку додека не бидеме во алијансата“, рече тој.
Полска и Литванија ќе направат се што можат Украина што поскоро да стане членка на НАТО, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Киев.
Ќе направиме се тоа да се случи што поскоро“, рече Дуда на прес-конференцијата.
„Се обидуваме да обезбедиме одлуките донесени на самитот (НАТО) јасно да укажуваат на перспективата за членство, водиме дискусии за ова прашање со нашите сојузници.