Москва ја предупреди Европа: Испраќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Од:

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи предупреди дека испраќањето европски мировен контингент во Украина и евентуалниот едномесечен прекин на огнот само дополнително ќе ја ескалира војната. „Конфликтот неизбежно ќе избие повторно со обновена сила… Ова е апсолутно неприфатливо“, рече Марија Захарова.

Таа додаде дека идејата за европски мировни сили во Украина покажува дека европските лидери „не научиле ништо од минатото“. Захарова, исто така, тврдеше дека секоја европска мировна мисија, доколку се оствари, само ќе ја продолжи „агонијата“ на режимот во Киев.

Руската новинска агенција ТАСС пренесува уште неколку изјави на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вели дека секое присуство на европските мировни сили во Украина ќе се смета за „официјално учество на НАТО во војната“. „Русија нема да дозволи тоа да се случи“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп

ВИДЕО: Дронови погодија една од најголемите руски рафинерии, избувна голем пожар

Катерина Ѓуровски

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински удар длабоко во Русија, погоден клучен нафтен објек

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки