Блумберг: Трамп го услови Зеленски со брз прекин на огнот за договорот за минерални суровини

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да го финализира договорот за минерални суровини доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски се заложи за брзо постигнување мир со Русија, изјавија денеска извори за Блумберг.

Изворите велат дека овие услови се главната причина што договорот за економска соработка се уште не е потпишан и покрај јавните изјави на двајцата лидери дека се подготвени да го финализираат во блиска иднина.

Може да има напредок во врска со договорот во наредните денови, при што украинските и американските официјални лица најверојатно ќе се сретнат во Саудиска Арабија, каде Зеленски треба да патува следната недела, велат некои извори.

Сепак, други извори предупредуваат дека позицијата на САД секогаш може да се промени бидејќи Трамп, како што рекоа, често се предомислува.

Неколку претставници на администрацијата на Трамп оваа недела изјавија дека договорот за минерали е клучна компонента и чекор кон планот на американскиот претседател за мир во Украина.

Би можело да ве интересира

Миршајмер: Трамп размислува целосно да ја повлече поддршката за Киев

Горан Наумовски

Меланија Трамп испрати порака: „Слушнав дека ви недостигав“

Зеленски воведува неколку нови пакети санкции против Русија

Трамп најавува најразорна економска операција против Иран

Евроњуз: Истрагите за корупција се приближуваат до кругот на соработници на Зеленски

ВИДЕО: „Најразорна економска операција“, најави Трамп за Иран и за земјите кои му помагаат