Зеленски: Киднапирањето на директорот на Запорожје е чин на руски терор

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека киднапирањето на главниот директор на нуклеарната централа Запорожје е чин на руски терор.

– Ова е уште еден пример за јасен чин на руски терор, за што терористичката држава мора да сноси се поголема казна, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќање.

Руска патрола го уапсила Игор Мурашов во петокот, објави во саботата државната компанија задолжена за електраната, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Русија го потврдила случајот.

МААЕ апелира за ослободување на Мурашов, бидејќи неговото притворање претставува закана за безбедноста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он