Зеленски ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во Украина

Од:

Со нов Указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за 90 дена е продолжена вонредната состојба и мобилизацијата во земјата, а важноста на одлуката е од 25 мај, јави Би-Би-Си.

Текстот на одлуката на Зеленски е испратен до украинскиот Парламент и мора да биде одобрен од најмалку половина од пратениците.

Вонредна состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на денот кога Русија изврши инвазија врз земјата.

Првичниот рок од 30 дена досега е двапати продолжуван.

Првиот Указ на украинскиот претседател за мобилизација беше донесен на 90 дена и се однесуваше на сите региони во земјата.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата недела изрази надеж дека ќе се вооружат милион борци, додека земјата се подготвува за „нова, долга фаза на војната“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ