Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поддржа антивладините протести организирани од граѓанската иницијатива „Мир за Украина“ во петокот во неколку словачки градови и рече дека Словачка има место во Европа.

Братислава не е Москва. Словачка е Европа“, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Х.

Тој го сподели статусот и фотографијата на пријателот на поранешната претседателка Зузана Чапутова, Јурај Ризман, кој учествуваше на демонстрациите во Братислава.

„Словачка е Европа! Граѓански протест против владата на Роберт Фицо и против соработката со Русија на Путин. Плоштад Слобода, Братислава, Словачка, 24 јануари 2025 година“, напиша Ризман под фотографијата.

Во Братислава и во 30 други градови во Словачка во петокот десетици демонстранти побараа оставка од словачкиот премиер.

Според организаторите на протестот, луѓето се собрале да го изразат своето несогласување со моменталната насока на земјата и да покажат поддршка за демократските вредности и европската иднина на Словачка.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Документирани повеќе од 183.000 злосторства од страна на руските сили

А1он

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ