Зеленски: Документирани повеќе од 183.000 злосторства од страна на руските сили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија треба да биде казнета за повеќе од 183.000 наводни воени злосторства, кои Украина ги документира од почетокот на инвазијата во 2022 година.

„Повеќе од 183.000 злосторства поврзани со руската агресија врз Украина се официјално документирани“, рече Зеленски на самитот на европските претставници во Буча, каде што руските војници беа обвинети за злосторства, вклучително и егзекуции, силување и тортура за време на нивната окупација на градот, објави Ројтерс.

Тој додаде дека бројот на документирани наводни воени злосторства не вклучува податоци од поголемиот дел од украинската територија што моментално е окупирана од Русија.

„Потребно ни е ефикасно меѓународно право за да се гарантира заштитата на нашиот народ и на целото европско општество од такви закани. Правдата мора да биде задоволена за да се спречи ширењето на злото. Притисокот врз Русија и санкциите против неа се неопходни за да се осигура дека војната и злоупотребата нема да се шират“, рече Зеленски, јави Танјуг.

Зеленски и европските претставници денеска им оддадоа почит на жртвите од повеќемесечната руска окупација на Буча во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“