Зеленски го осуди рускиот напад на породилиштето: „Терористичката држава продолжува да се бори против цивилите“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди денеска рускиот напад врз породилиште на југот на Украина, во кој почина новороденче.

Мајката на повреденото бебе и лекарот се спасени од урнатините на болницата уништена во ракетен напад врз Вилњанск, во областа Запорожје, соопштија украинските власти, пренесува Си-Ен-Ен.

„Терористичката држава продолжува да се бори против цивилите и цивилните објекти. Непријателот повторно реши да се обиде со терор и убиства да го постигне она што не го постигна за девет месеци и нема да успее“, рече Зеленски.

Делови од поширокиот регион Запорожје се под контрола на Русија, а Вилнус е град под контрола на Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија