Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги обвини европските сојузници дека го уценуваат Киев за повторно да го отвори нафтоводот Дружба, преку кој се транспортира руска нафта во Унгарија и во Словачка.

Киев тврди дека нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, е оштетен при руски напад во јануари и уште не е поправен.

– Повторното доставување руска нафта преку Украина во Европска Унија е еднакво на укинување на економските санкции кон Москва, наведе Зеленски.

ЕУ побара од Зеленски брзо да го поправи нафтоводот Дружба и да прифати меѓународни експерти, кои би ја процениле штетата. Украинскиот претседател наведе дека е против транзит на руска нафта преку Украина, додека ЕУ забранува истата да се продава.

– Или продаваме руска нафта или не. Зошто ЕУ ме принудува да ја вратам Дружба. Како е тоа различно од укинување на санкциите за Русите. Зошто во еден случај можеме да им кажеме на САД дека сме против укинување на санкциите, а во друг случај да ја принудуваме Украина да го продолжи транзитот на нафта преку Дружба, потенцира Зеленски.

Тој условувањето за да го отвори нафтоводот Дружба или Украина нема да добие оружје, го оцени како уцена.

Унгарија зависи од руската нафта и затоа Будимпешта ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија, како и заемот од 90 милијарди евра од Унијата за Киев.

Претходно, САД воведоа 30-дневна суспензија на санкциите за руската нафта. Зеленски посочи дека укинувањето на санкциите кон Русија нема да му помогнат на светот туку само на Москва.

Би можело да ве интересира

Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира 1.000 дронови дневно кон Русија

А1он

ВИДЕО: Дронови ја нападнаа Москва

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Откриена вистинската причина за посетата на директорот на ЦИА на Москва

Техеран го обвини Вашингтон за „економски тероризам“ и побара реакција од ОН

Паника во Кремљ: Путин планира да употреби нуклеарно оружје?

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД