Здравствената агенција на ЕУ ги повика земјите да ги вратат на сила заштитните мерки

Од:

Здравствената агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават рестриктивни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји.

Агенцијата со седиште во Стокхолм наведе дека пандемијата на Ковид-19 сè уште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува „Гардијан“.

По ублажувањето на ограничувањата за движење и другите мерки, ширењето на вирусот продолжи, соопшти агенцијата.

Понатамошно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 и згрижување на болните, како и смртните случаи може да се ублажат доколку на време се воведат или зајакнат контролните мерки, нагласува агенцијата.

Земјите во кои сега има зголемување на бројот на случаи, по укинувањето на контролните мерки по привременото подобрување на епидемиолошката состојба, треба да размислат за повторно и постепено воспоставување на одредени мерки.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески