Заврши спасувачката операција во Росарио, билансот на загинатите е 21 лице

Од:

Во аргентинскиот град Росарио заврши спасувачката операција за пронаоѓање на преживеани под урнатините на зградата, која беше крената во воздух при експлозија на плин, при што конечниот биланс на загинати изнесува 21 лице, јави ИТАР-ТАСС.

Во болниците и натаму се хоспитализирани девет лица, кои се ранети во експлозијата, соопштија локалните власти.

Експлозијата одекна во Росарио, на 320 километри од Буенос Аирес, на 6 август. Според податоци на истрагата нереќата се случила поради истекување на гас. Полицијата го упаси лицето, задолжено за набавка на гас за зградата, кое работело во зградата непосредно пред експлозијата, во која беше разурната речиси една третина од објектот.

Соседните згради исто така беа засегнати. Нивните жители беа евакуирани поради стравување за нивната безбедност, а во Аргентина беше прогласена тридневна жалост.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски