Заврши рундата глобални преговори за нуклеарното оружје

Од:

Државите кои вчера во Женева ги завршија светските преговори за нуклеарно оружје, предупредија дека голема количина нуклеарно оружје се усовршува и е подготвено за лансирање наспроти ветувањата дека ќе се откажат од него.

Во текот на двонеделните преговори, големо внимание беше посветено на нуклеарната програма на Иран, за кој државата инсистира дека е за мирно временски цели и на Северна Кореја која изведе провокативни нуклеарни тестирања.

САД соопштија дека Иран и Северна Кореја се стремат да добијат високотехнолошки материјали за својите нуклеарни програми, што претставува кршење на санкциите на ОН.

Помошникот на американскиот секретар за меѓународна безбедност Томас Кантримен, на состанокот во Женева истакна дека Иран наспроти забраната сепак им праќа оружје и муниција на сиријските владини сили.

На прашањето за можна соработка помеѓу Иран и Северна Кореја во нуклеарна област, едно американско официјално лице рече дека тие се во контакт и дека ги набљудуваат.

Западни експерти укажуваат дека двете држави соработувале во развој на балистички ракети и дека постои опасност доколку соработката ја прошириле и на поле на нуклеарното оружје, но дека се уште таа врска не е докажана.

Преговарачи од Европската унија и Иран во текот на месецов ќе се сретнат во Истанбул со цел да разговараат за идните дипломатски напори за решавање на спорот околу иранската нуклеарна програма.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он