Заврши гласањето на изборите во Чешка

Од:

Во Чешка во 14 часот по локално време заврши гласањето за избор на една третина од членовите на Горниот дом на Парламентот, Сенатот и на органите на локалната самоуправа, кое почна вчера.

Според податоци на телевизијата ЧТ-24, гласале 40 проценти од избирачите, помалку од предходните избори во 2014 година кога изборната активност била 44,46 проценти.

Првите резултатите се очекуваат утре, а официјалните резултати ќе бидат објавени во понеделник.

Околку 8,4 милиони Чеси со право на глас вчера од 14 до 20 часот и денеска од 8 до 14 часот избираа 27 од 81-член на Сенатот.

Во трката за сенаторските места се вкупно 236 кандидати предложени од политички партии и движења.

Согласно чешкиот Устав, на секои две години се одржуваат избори за по една третина од членовите на Сенатот.

Во исто време, се одржаа и локални избори на кои за места во органите за локалната власт се бореа околу 216.000 кандидати, што е за 17.000 помалку во однос на претходните избори.

На локалните избори, покрај чешките државјани, право на глас имаа и граѓаните на земјите членки на ЕУ со постојано место на живеење во Чешка.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Џафери не прифаќа гласање со стари документи: Има уште 50 дена, граѓаните имаат време да се сликаат

Тошковски ќе бара решение како да гласаат над 100.000 граѓани кои немаат лична карта, а имаат пасош без „северна“

Орце Костов