(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Од:

„Со задоволство сакам да истакнам дека денешниот изборен ден помина во демократска атмосфера како резултат на добрата соработка на полицијата, Државната изборна комисија и другите чинители, поради што денот помина без поголеми инциденти“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција на која информираше за тоа како минал изборниот ден.

Министерот рече дека на нивно на цела држава се евидентирани 12 фотографирања на изборно ливче, два случаи на кинење на гласачко ливче, 6 пријави за нудење на поткуп и 15 пријави за агитирање.

Ќе следуваат и две кривични пријави – една за повреда на тајност на гласање и една за повреда на избирачко право.

„Ова беа успешни, мирни и демократски извбори на кои граѓаните слободно го остварија своето право на глас“, заклучи Тошковски по затворањето на гласачките места.

Во однос на инцидентот во Скопје, каде на гласачко место била активирана димна бомба, министерот информираше дека е извршена проверка од страна на полицијата, тимот за антитероризам ја подигна испуканата димна бомба и направата е предадена на избирачкиот одбор.

Изборниот ден мина мирно и без инциденти што е резултат на добрата организација на полицијата и сакам да им се заблагодарам на полицајците кои со својата професионалност придонеле за безбедноста на изборните места и професионално постапиле при нарушување на регуларноста на изборниот процес. Бидејќи освен сликање на изборни ливчиња и слично, во текот на денот немало пријава за потешко кривично дело или инцидент во врска со изборите, истакна Тошковски.

Дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев исто така се заблагодари на граѓаните за фер и демократските избори, како и на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски за добро извршената оперативна работа во штабот на МВР за сите случувања поврзани со изборите.

Според информациите од МВР ова се дел од пријавените инциденти поврзани со изборниот ден.

На избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.

 

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он