Завојуваните страни во Мјанмар го усогласија договорот за мир

Од:

Претставниците на владата и на коалицијата на вооружените племиња во Мјанмар денеска заеднички соопштија дека е постигнат договор за прекин на полувековните вооружени судири во државата, позната и како Бурма. Конечното потпишување на мировниот договор треба да се оствари кога, поеднично, ќе го потпишат претставници на 16 племиња кои со владата преговараа како  тим за координација на преговорите.

Во заедничката изјава се нагласува дека во иднина, со политички дијалог, внимателно ќе се определуваат чекори за воспоставување на мир и стабилност во Мјанмар.

Во посебна изјава на координаторит на бунтовничките племиња се нагласува дека сега ни владата, ниту бунтовниците не треба да потсетуваат на тоа кој колку жртви имал, бидејки загубата била општа, на штета на народот на Мјанмар. Изјавата е дадена по повод прекинот на вооружените судири меѓу армијата и борците на племето Качин во северозападната провинција Шан, на границата со Кина. Судирите на ова подрачје траеја и за време на преговорите, а беа регистрирани големи загуби и на армијата и на бунтовниците.

На потпишувањето на договорот присуствувал  претседателот на Мјанмар Теин Сеин. Медиумите посебно нагласуваат дека покрајспецијалниот претставник на Обединетите нации на потпишувањето на договорот бил присутен и висок функционер на министерството за надворешни работи на Кина.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар