Затворот „Баграм“ во рацете на Авганистан

Од:

САД им го предаде затворот „Баграм“, на авганистанските власти, со 3,182 затвореници, меѓу кои наводни талибанци и членови на Ал Каеда.

Затворот„ Баграм“, често  беше нарекуван “авганистанскиот Гвантанамо“, и стана познат по наводните злоставувања на затворениците, од страна на американските војници.

“Денеска сме сведоци на славна церемонија која го одбележува трансферот на контролата врз авганистанските затвореници на самите Авганистанци”, изјавил на церемонијата во „Баграм “, авганистанскиот министер за одбрана, Енајатулах Назари.

Затворот, за Авганистанците претставуваше симбол на американската окупација на земјата.Претседателот, Хамид Карзаи, преземањето на надлежноста врз затворот, го нарече голема победа за националниот суверенитет.

Затворот„ Баграм“ е создаден пред десет години до истоимената американска база на околу 60 километри северно од Кабул.

 

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он