Затворен припадник на Ал каеда ги обвинува Саудијците за финансирање на нападите од 11 септември 2001

Од:

Затворениот припадник на Ал Каеда,Захариас Мусауи,тврди дека чланови на саудиското кралско семејство,помагале во финансирањто на оваа терористичка мрежа и на нападите од 11 септември 2001 година.

Мусауи се наоѓа во строго чуван затвор,во сојузната американска држава Колорадо,каде ја издржува затворската казна за неговата улога во нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон,во кои беа убиени безмалку три илјади лица.

Во октомври минатата година, тој дал изјава под заклетва,на адвокатите кои ги застапуваат роднините и семејствата на загинатите во нападите,во кое зборувал за тоа кој стои зад финансирањето на Ал Каеда.

Изјавата стана достапна во јавноста, откако беше предадена во судот,каде адвокатите ја водат судската постапка против Саудиска Арабија.

За деталите од сведочењето на Мусауи се разбра по барањето на Саудијците,американскиот суд да ја запре правната постапка.

Вакви барања до судот имало неколку,но во изјавата дадена во затворот во Колорадо,тој рекол дека „исклучително познати саудиски функционери„ вклучувајќи го и директорот на разузнавачката агенција на Саудиска Арабија,принцот Турки ал Фејсал ал Сауд,ја финансирале Ал Каеда уште од пред крајот на деведестите години на 20 век.

Мусауи беше уапсен неколку недели пред терористичките напади,во врска со проблемите што ги имал со американските имигрантски власти.

Беше во затвор во време на нападите,но се утврди дека и тој бил во групата заговорници кои земале часови за летање,во еден центар за обука во Минесота,како и дека преку парите,од порано бил врзан за една од организациите кои биле во врска со Ал Каеда.

На судењето тој потврди дека бил дел од заговорт,за да се киднапира еден „Боинг 747“ што потоа би се урнал врз Белата куќа во Вашингтон.
Семејствата на жртвите од терористичките напади,имаат покренато судски процес против Саудиска Арабија,за тоа дека владата во Ријад преку подршката на хуманитарни и други организации,давала пари за Ал Каеда,а таа практика продолжила се до нападите на 11 септември,пред 13,5 години.

Саудијската влада ги отфрла обвинувањата од Захариас Мусауи,кого го нарекува „криминалец со поматен ум“.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ