Заштитната маска нема повеќе да биде задолжителна во Белгија

Од:

Министерскиот совет кој се одржа попладнево донесе одлука дека носењето заштитна маска во затворени простории нема повеќе да биде задолжително.

И покрај предупредувањата на научниците, владата денеска сепак одлучи да го следи примерот на соседни земји како Холандија и да ја укине обврската за заштитна маска на затворено, со исклучок на јавниот превоз, здравствените установи и вработените во супермаркети, ресторани, културни установи.

Сепак федералната влада им остава слобода на секој од регионите да донесат построги мерки за маските доколку оценат дека е потребно.

Владата попладнево даде зелено светло за повторно отворање на дискотеките од први октомври, но со низа протоколи за проветрување и заштита кои ќе им бидат дополнително поднесени на сопствениците пред да отворат.

Регионалните власти се слободни да воведат обврска за Ковид сертификат за влез во дискотеки и други објекти. Таков е случајот со Брисел каде од први октомври за влез во кафулиња, ресторани, клубови, молови и културни настани клиентите ќе треба да носат со себе Ковид сејф тикет, односно потврда дека се целосно вакцинирани, дека имаат негативен тест на коронавирусот или доказ дека ја прележале болеста во последните шест месеци.

Би можело да ве интересира

Романски министер за здравство: Не се гледа крајот на пандемијата

Ана Ололовска

Белата куќа бара СТО да поддржи суспензија на патентите за вакцини против Ковид-19

Ана Ололовска

Ардерн: Нов Зеланд ќе ги ублажи мерките кога ќе биде вакцинирано 90 отсто од населението

Ана Ололовска

Шведска го продолжи прекинот за употреба на вакцината на Модерна кај младите

А1он

Русија ја идентификуваше новата варијанта на коронавирусот, која е позаразна од Делта

А1он

СЗО: Ковид-19 досега предизвика смрт на 80.000 до 180.000 здравствени работници во светот

А1он