Зариф потврди дека Иран поседува повеќе ураниум од предвиденото со Договорот од 2015 година

Од:

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф денеска потврди дека е надминато ограничувањето на резервите на збогатен ураниум востановено со мултилатералниот договор од 2015 година.

Според Договор, Иран се обврза да поседува само 300 килограми збогатен ураниум.

Техеран првпат го надминува ограничувањето, тврдејќи дека програмата за збогатување на ураниум е во мирнодобски цели, додека западните сили тврдат дека тоа е намането за нуклеарно оружје.

Претходно, иранската новинска агенција ФАРС објави дека резервите на збогатен ураниум на Иран го надмина ограничувањето од 300 килограми.

Иран, со Договорот што во 2015 година го потпиша со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, се обврза да ја ограничи активноста за збогатување на ураниум, а за возврат му беше ветено укинување на меѓународните санкции.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година еднострано ги повлече САД од Договорот и воведе дополнителни санкции кон Иран. Официјален Техеран побара од останатите земји потписнички на Договорот да го заштитат Иран од американските санкции, а во спротивно најави дека нема да се придржува до спогодбата.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел