Зариф ја повика Јапонија да дејствува за да го заштити нуклеарниот договор со Иран

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги повика сојузниците на САД, како Јапонија, да преземат акција за заштита на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, јави ДПА.

Зариф, кој во Токио се сретна со шефот на јапонската дипломатија Таро Коно, изрази надеж дека Јапонија и другите сојузници на САД ќе преземат „практични мерки за одржување на овој важен меѓународен договор“.

Зариф и Коно се сретнаа еден ден откако Вашингтон им нареди на вработените во американската амбасада во Багдад и американскиот конзулат во Ербил, Курдистан, да го напуштат Ирак поради ескалација на тензиите меѓу САД и Техеран.

Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека ескалацијата е „неприфатлива“ и ја повика меѓународната заедница да се изјасни против Вашингтон за да го заштити договорот.

– Ако меѓународната заедница има корист од овој историски договор, мора да биде подготвена да инвестира во овој историски договор и да ги спречи САД да шират незаконитост и беззаконие, рече Зариф.

Иран минатата недела соопшти дека ќе почне да се повлекува од дел од нуклеарниот договор со светските сили. Овој потег дојде точно една година откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се повлече од договорот и да ги врати тешките економски санкции врз Техеран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел