Започна судењето во аферата „Карлтон“ во присуство на Строс-Кан

Од:

Во Суд во Лил денска почна процес за аферата „Карлтон“ во која поранешниот директор на Светската банка и дранцукси министер Доминик Строс-Кан е обвинет за подведување, јави дописникот на МИА од Париз.

Строс-Кан, чија политичка кариера пред четири години беше брутално урната по скандалот со силување собарка во хотелот „Софител“ во Њујорк, сега е обвинет дека бил дел од организирана мрежа за проституција, воспоставена од негови пријатели од северна Франција.

Покрај Строс-Кан, на обвинителната клупа се наоѓаат уште тринаесет други лица меѓу кои и хотеллиери, полицајци, адвокати, предприемачи, па дури и еден вистински макро со прекар „Додо ла Сомур“ (Додо Саламурата).

Истражните судии оценија дека Строс-Кан не можел да не знае дека жените кои му ги претставувале на „приватни интимни вечери“ биле платени проститутки и дека тие вечери биле организирани специјално за него, правејќи го „крал на вечерта“.

Одбрана на Строс-Кан тврди дека тој е „приврзаник на слободните односи“ и дена не знаел за професијата на жените кои учествувале на вечерите.

Но, проститутките, кои биле испитувани во рамки на истрагата го тврдат спротивното, односно дека за разлика на „нормалните слободни односи“ кои се рафинирани, оргиите на кои учествувал Строс-Кан биле крајно „сурови“.

Адвокатот на една од проституките под име Џад, побара судската расправа да биде затворна за јавноста во интерес на постапката.

За обвинението за кое се товари Строс-Кан, „подведување во група“, е предвидена максимална затворска казна од 10 години и 1,5 милиони евра парична казна.

Но, со почетокот на судењето по двегодишната истрага, вечерва на течевизијата Канал+ ќе биде емитувана репортажа во која се брани тезата дека станува збор за заговор. Во неа се сугерира дека постоеле телефонски прислушувања и следење на Строс-Кан, нарачани од врвот на француската држава. За нил било добиено одобрение од службата на поранешниот премиерот Франсоа Фијон. Според оваа теорија, аферата „Карлтон“ била начин за „отстранување“ на социјалистот Строс-Кан пред претседателските избори во 2012 година.

Утеха за Строс-Кан, кој беше фаворит на изборите за претседател на Франција во 2012 година, е денешното испитување на јавното мислење, кое покажува дека 79 проценти од испитаните Французи, сметаат дека тој ќе беше подобар претседател од неговиот сопартиец Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили