Започна пробна дистрибуција на гас од Словачка за Украина

Од:

Словачката енергетска компанија „Еустрим“ соопшти дека од денеска започнала пробна дистрибуција на природен гас од Словачка кон Украина.

Портпаролот на „Еустрим“, Габриел Бер информира дека пробната фаза вклучува проверка на можностите за пренос на гас и на оперативните потенцијали за дистрибуција преку гасоводот „Ужгород-Војни“.

– Комерцијалната дистрибуција преку овој гасовод треба да започне на 2 септември, додаде Бер, чија компанија „Еустрим“ е оператор на гасоводот „Ужгород-Војни“ низ Словачка.

Предвидено е во првата фаза „Еустрим“ на Украина да и доставува во 3,2 милијарди метри кубни гас годишно, по што дистрибуцијата постепено ќе расте до 10 милијарди метри кубни.

Со ваквиот план Украина се обидува да ја намали својата енергетска зависност од Русија.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра