Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

Од:

Белгиската полиција денеска соопшти дека запленила речиси 1,5 милиони евра во рации во врска со наводите за корупција против луѓе поврзани со Европскиот Парламент.

Соопштението е објавено на Твитер заедно со слики на кои се гледа мал куфер, неколку актовки и хартиени кеси полни со евра.

Четири лица се уапсени од петокот под обвинение дека влијаеле на одлуките на Европскиот Парламент во корист на домаќинот на Светското првенство Катар во замена за пари и подароци.

Сега поранешната потпретседател на Европскиот Парламент, Ева Каили, нејзиниот партнер, поранешниот европратеник Антонио Панцери и четвртото лице денеска треба да се појават на суд, каде се очекува судијата да одлучи дали ќе им одредени мерка притвор.

Уште две лица беа приведени во петокот, но подоцна беа ослободени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Објавени првите проекции од резултатите на европските избори

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

Европскиот парламент оди надесно: Десницата со значителни разултати на европските избори

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра