Запленети капсули полнети со урна од бебиња

Од:

Скандал ги тресе Јужна Кореја и Кина, откако јужно-корејската царина објави дека запленила илјадници крумчарени ампули за кои се верува дека се наполнети со прав добиен од мелени тела на мртви новороденчиња.

Веста ја пренесува и угледниот британски весник Телеграф.

Капсулите за кои многу луѓе во овој дел на Азија сметаат дека се лек за сите болести, се верува дека се направени во североисточна Кина.

Светот е згрозен од тврдењата на пограничните служби дека апчињата се наполнети со прав кој се добива со мелење на телата на новороденчињата и нивно сушење во печки на големи температури.

Уште по потресително е што огромен е бројот на луѓе кој во Кина и Јужна Кореја и ним блиските држави веруваат дека новороденчиња во прав се општ лек и го ингнорираат фактот, дека покрај што е ужасно од морални причини да се конзумираат, подеднакво страшно е и од медицински аспект, бидејјќи во себе содржат бројни бактерии и штетни состојки.

Претставниците на царината, сепак одбиваат да откријат детали и од каде потекнуваат телата на новородените дечиња, но сепак наговестија дипломатски несогласувања со Пекинг.

Кинеските власти пак допрво покренуваат истрага за да утврдат дали навистина на нивна територија се произведуваат вакви каспсули. Конзумирањето на капсули кои содржат делови од фетуси и новороденчиња, во Британија веќе го доби епитетот на бебшки канибализам.

Јужно Корејската царина тврди дека од август минатата година спречила дури 35 обиди за крумчарење на 17.450 од овие капсули, кои се ракламираат како засилувачи на издржливост.

Капсулите кои се шверцувани или преку мешународна пошта или во багаж, биле наменети за луѓе од североситочна Кина, кои моментално живеат во Јужна Кореја.

Она со што сега мака мачатјужнокорејските власти, е тоа како да подигнат обвинение, со оглед на тоа дека количината која сега е запленета е премногу мала. Закон на оваа земја предвидува дека не е кривично дело поседувањето мала количина ампули, особено ако се докаже дека се за лична употреба.

Министерството за здравство и Администрацијата за лекови на Народна република Кина нема да издаде соопштени се додека не добијат официјални резултати. Претпоставките на тамошни власти пак се дека ови морничави ампули се произведени во провинцијата ЏиЛин, која се наоѓа на североистокот близу Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња