Заоралек: ЕУ не смее да соработува со криумчарите на имигранти

Од:

При решавањето на актуелната криза, кога стотици луѓе се дават во Медитеранот додека се обидуваат да стигнат до Европа, Европската унија не смее да „влезе“ во соработка со шверцерите со луѓе, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Лубомир Заоралек во Луксембург, пред состанокот со неговите колеги од ЕУ.

Според него, за ова прашање е потребно финансиски да помогнат не само земјите од ЕУ, туку и богатите држави од Персискиот Залив, пренесе дописникот на МИА од Прага.

– Треба да најдеме начин како да спречиме луѓето да се качуваат на бродовите, рече Заоралек, напоменувајќи дека е можно да се создаде безбедносен кордон и специјални места на самиот африкански брег.

Заоралек оцени дека за него не е решение дистрибуцијата на бегалците по земјите на Унијата, туку промени во државите од каде тие бегаат.

Во првиот квартал од годината, во Медитеранот се удавија над 1.500 луѓе, а Италија, која е иницијатор и на Самитот во Луксембург, има основано неколку спасувачки мисии со цел да се спречат несреќните случаи.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ