Заобиколувањето на санкциите против Русија ќе биде кривично дело во ЕУ

Од:

Земјите членки денеска едногласно одлучија дека обидот да се заобиколат санкциите на ЕУ ќе биде дел од европските кривични дела предвидени во Повелбата на функционирањето на ЕУ.

Ова го соопшти чешкиот министер за правда, чија земја претседава со ЕУ до крајот на оваа година.

Министерот, Павел Блажек, изјави дека за да бидат успешни санкциите против Русија нивната имплементација е клучна.

-Денешната одлука е суштинска алатка да се осигуриме дека сите обиди да се заобиколат ќе бидат спречени, изјавија од Советот на ЕУ каде е усвоена оваа одлука за санкциите.

Земјите членки на ЕУ имаат различни дефиниции за тоа што претставува заобиколување на санкциите и како тоа треба да биде казнето, поради што санкциите не се доволно ефикасно применети.

Со вклучувањето на “прекршувањето на рестриктивните мерки“ во кривичните дела на ЕУ се презема чекор во хармонизацијата на имплементацијата ширум ЕУ.

Европската комисија сега има задача да презентира предлог директива на оваа тема која ќе треба да биде потоа одобрена од Советот и Парламентот на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски