Заменикот министер за одбрана на Северна Кореја егзекутиран со минофрлачка граната

Од:

Високиот севернокрејски функционер е егзекутиран поради тоа што се напил алкохол во текот на 100 дена тагување за покојниот лидер Ким Ил Јонг.

Медиумите од Јужна Кореја пренесуваат дека севернокрејскиот заменик министер за одбрана, Ким Чол бил приморан да застане на точно одредено место на воениот полигон каде го погодиле со минофрлачка граната и на тој начин го убиле.

Наредбата да се „уништи и коса да не остане после него“, наводно лично ја дал Ким Јонг Ун, синот на Ким Јонг Ил и неговиот наследник на лидерското место на Северна Кореја.

Светските медиуми веќе известуваа дека во текот на дводневната жалост за Ким Јонг Ил биле органзирани масовни собири во кои луѓето мораа да плачат, а кој немаше да плаче завршуваше во логор.

После тоа ледуваа сто дена „без задоволство“, во кои беше забрането конзумирање алкохол со закана од срмтна казна. Во овој дел всушност грешка направи заменикот министер за одбрана на Северна Кореја и заврши во експлозија на минофрлачка граната.

Тој беше 15-от функционер кој беше убиен поради конзумирање алкохол во 100 дена на жалост.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња