Туниските власти ги зајакнаа безбедносните мерки околу Амбасадата и други официјални француски згради, поради вооружената интервенција на Франција во Мали, изјави портпаролот на туниското Министерство за внатрешни работи, Халед Таруш.
– Нормално е да биде зајакната безбедноста околу француските институции, како резултат на вооружената операција на Франција во Мали, изјави портпаролот.
Безбедносните мерки околу француската Амбасада во центарот на Тунис вчера беа зајакнати по нападот врз Амбасадата на САД од демонстранти во септември минатата година.
Француската Амбасада во Тунис во средата ги повика Французите на внимателност поради интервенцијата против исламистичките бунтовници во Мали и ги советуваше да не патуваат во Сахара.