Загадени една петтина од обработливите површини во Кина

Од:

Речиси една петтина од обработливите површини во Кина се загадени, се наведува во денеска објавен извештај на Влада во Пекинг, изработен врз основа на анализи на почвата на целата кинеска територија.

Анализите, спроведени во периодот меѓу 2005 и 2013 година, покажуваат дека 16,1 отсто од почвата и 19,4 проценти од обработливите површини во Кина се загадени.

Во соопштението на кинеското Министерство за заштита на животната средина, земјата и природните ресурси, се наведува дека во 80 проценти од загадените површини е утврдено присуство на кадмиум, никел и арсен.

Кинеските медиуми оценуваат дека ваквите податоци го покренуваат и прашањето околу безбедноста на храната што се произведува во третата по големина економија во светот.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он