Заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја, два ракетни напади на Пјонгјанг

Од:

САД и Република Кореја денеска почнуваат заеднички годишни воени вежби, на што Пјонгјанг одговори со два ракетни напади во Јапонското Море, јави ТАСС.

Првата воена вежба „Ки рисолв“ ќе трае до 13 март и се спроведува со помош на компјутерска симулација. Во неа ќе учествуваат 10.000 јужнокорејски војници и 8.600 американски војници. За прв пат со вежбите ќе раководи Генералштабот на вооружените сили на Јужна Кореја.

Во воените вежби ќе учествуваат и војници од Велика Британија, Австралија, Данска, Канада и Франција.

Воените вежби „Фоул игл“ ќе траат до 24 март, јави ТАСС, додека според јужнокорејските медиуми вежбите ќе траат осум месеци. Во нив ќе учествуваат 200.000 јужнокорејски војници и 3.700 американски војници. Тоа се реални маневри со учество на копнени сили, воздухопловни сили, поморски сили и воено разузнавање.

Пјонгјанг ги предупреди САД и Јужна Кореја да не спроведуваат воени маневри. Денеска Северна Кореја истрела две балистички ракети со мал дострел во Јапонското Море. Ракетите се со дострел од 490 километри. Во одговор на нападот, Јужна Кореја објави зголемена воена подготвеност.

Двете ракети се истрелани од регионот на градот Нампо, на околу 60 километри југозападно од Пјонгјанг и најверојатно паднале во Јапонското Море, јави ДПА. Пјонгјанг, исто така, упати и закани против САД и Јужна Кореја поради заедничките воени вежби.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски