Задушен бунтот во затворот Урибано во Венецуела, загинаа 58 лица

Од:

Венецуелските сили за безбедност денеска ја презедоа контролата и ги евакуираа затворениците од затворот Урибано, во државата Лара, на северозапад на земјата, по бунтот во кој се судрија затворските банди и чуварите, а според најновите податоци има 58 загинати и речиси двојно повеќе ранети.

-Евакуацијата на затворениците е завршена. Сега не очекува реконструкција на затворот, изјави министерката задолжена за затворите, Ирис Варела, истакнувајќи дека и последниот од речиси 2.000 затвореници мирно го напушти затворот, без каков и да било отпор, пренесуваат западните агенции.

Варела наведе дека побунетите и останатите затвореници се префрлени во други затвори во Венецуела, додавајќи дека претходната проценка за 61 загинат е намелена и дека најновите податоци покажуваат дека смртно настрадале 58 лица и дека има двојно повеќе ранети во судирите на затворските банди и чуварите, кои почнале уште во петокот.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски