Задолжителен 14 дневен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија

Од:

Во Велика Британија ќе биде задолжителен 14 дневен карантин од 8 јуни за сите оние кои доаѓаат од странство.

Тоа го изјави британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, појаснувајќи дека целта е спречување на ширењето на коронавирусoт.

Секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тој временски период.

– Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест, рече Пател на прес-конференција.

За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти/.

Карантин нема да биде обврзен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието.

Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници