„Забранет влез за Јапонци, Филипинци, Виетнамци и кучиња“

Од:

Во излогот на еден ресторан во Пекинг е ставен натпис на кој пишува дека во тој локал не служат гости од Јапонија, Филипини и Виетнам, како и кучиња.

Сопственикот на ресторанот вели дека е изненаден што „натписот предизвикла голема врева“, но дека нема намера да се извинува.

– Можеби луѓето лошо разбрале… пишуваше само дека нема да ги служиме гостите од тие земји, се обиде да се „оправда“ пекиншкиот угостител кој се претстави како Ванг. Сепак, Ванг го тргнал натписот.

Причината за тоа може да биде фактот дека Кина има територијани спорови со Виетнам, Филипините и Јапонија и предлага околу некои прашања да се водат билатерални преговори. Пишувањето на печатот за тој проблем, меѓутоа, изгледа дека ја поттикнува ксенофобијата и национализмот во Кина.

На интернет поради овој натпис се поставени голем број коментари, а некои наведуваат дека ваквите ставови потсетуваат на времето кога на самите Кинези им беше забранет пристапот на јавните установи, но тоа било пред сто години.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он