Забрана за секс со животни во Шведска

Од:

Во Шведска претстои воведување забрана за сексуални односи со животни, јави дописникот на МИА.

По подолга дебата и прибирање мислења од повеќе инстанци, шведската Влада најпосле реши да поднесе предлог за законско решение, кое што опозицијата подолго време го бараше, а со кое се забранува секс со животни.

Актуелниот Закон за заштита на животни во Шведска опфаќа сескусално насилство и силување на животни, кога на животното ќе му биде нанесена психичка или физичка повреда, а што може да биде тешко да се докаже.

Според новиот законски предлог, кој треба да стапи на сила од 1 јануари идната година, ќе се изрекува парична казна или затворска казна во траење од најмногу две години.

Поранешната забрана за сексуални односи во Шведска била укината во 1944 година.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло