За грабеж во коцкарница во Сингапур, Малезиец ќе лежи 3,5 години и „ќе јаде“ 12 стапа

Од:

Малезиецот Суреш Каман (33), кој на 2 јуни годинава во коцкарница на извесен Витсјах Сиах на сила му одзел торба со гардероба, пасош, 20 долари во готово и чипови вредни 65 долари, денеска во судот во Сингапур е осуден на 3,5 години затвор.

Крадецот, кој одлучил да ограби еден од клиентите на коцкарницата, вечерта на рулет ја изгубил црлата плата од 3.000 долари.

Поради кражбата, а и поради тоа што со заштитен шлем повеќе пати ја удирал својата жртва, Суреш доби и казна која се состои со 12 удари со стап од бамбус.

Казната ќе се изврши деновиве,на јавно место.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари