За една недела од студ починаа околу 200 лица во Централна и Источна Европа

Од:

Околу 200 луѓе починаа од студ во Русија и во земјите од Централна и Источна Европа во последните седум дена, а според метеоролозите ниските температури ќе траат до утре.

Во Русија бројот на жртвите достигна 56 лица, а 371 се хоспитализирани. Во последната недела температурата се спушти до минус 20 степени во Москва и до минис 50 степени во некои делови на Сибир. Овој невообичаен студен бран, кој се должи на антициклонот, ќе трае до утре, прогнозираат синоптичарите.

Студот однесе жртви и во Украина, каде починаа 83 луѓе, од кои 57 се пронајдени на улиците, додека 526 лица се пренесени во болница. Температурите во земјата преку ноќ достигнуваат минус 15 степени, што се сметаат за нормални во овој период во Украина.

Полските власти соопштија за 49 смртни случаи, откако температурите се намалија до минус 10 степени.

Најмалку шест лица починаа од студ во Литванија. Во Летонија вчера изутрина биле измерени температури од минус 14 степени, а утре можат да достигнат рекордни минус 28 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска