За една година сменил 100 работни места

Од:

Дваесет и седумгодишниот Американец Дејв Херман ја остварил својата цел и во текот на една година, тој буквално променил 100 работни позиции. Во текот на новогодишната ноќ, тој ги доживеал и своите неколку секунди како репортер на американската ТВ мрежа „NBC”, на тој начин заокружувајќи го овој несекојдневен јубилеј.

Во текот на изминатата година, Дејв работел како келнер, шетач на кучиња, делел летоци, ја предвидувал иднината, внесувал податоци, работел со американскиот писател Р.Л.Стејн…

Сега тој планира да собира потписи за петиција со која ќе го замоли актерот Кевин Бејкон да оди на ручек со него.

Неуморниот Херман за во март оваа година го подготвува својот нов проект наречен “10.000 Кевиновци”.

Ќе се обидам да соберам 10.000 потписи од луѓе кои што се викаат Кевин, се со цел да го натерам Кевин Бејкон да ме однесе на ручек – вели Дејв.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски