За еден месец од Турција се повлекле 600 борци на ПКК

Од:

За еден месец од територијата на Турција се повлекле 600 борци на ПКК, објави весникот Акшам.

Весникот наведува дека вкупно 600 членови на ПКК од кои 40 отсто се жени, се повлекле од Турција во Северен Ирак од 8 мај кога почна процесот на повлекување на курдските борци.

Сепаратистите напуштиле свои засолништа во окрузите Дијарбекир, Сирт, Хакјари и Мардин во Југоисточна Турција.

Во март лидерот на ПКК Абдула Оџалан повика за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција. Повикот беше по директни преговори на турските власти со бунтовничкиот лидер со цел мирно решение за курдскиот конфликт.

Весникот тврди дека до почнувањето на процесот за повлекување од Турција, во државата имало 2.100 сепаратисти.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски