За два месеци, од крајот на октомври до почетокот на јануари, од колера во Камерун починале 32 лица, соопшти денеска Министерството за здравство.
Колерата е многу заразна болест која може да предизвика смрт за само неколку часа доколку не побарате лекарска помош, а најчесто се јавува во средини со лоши хигиенските услови.
Оваа болест периодично се јавува во Камерун, каде живеат околу 25 милиони луѓе.
Првите случаи на колера беа регистрирани кон крајот на октомври во централниот и југозападниот дел на земјата, а оттогаш болеста се прошири на уште три области.
Во претходната епидемија на колера во 2020 година, во Камерун починаа 66 лица.
Извор: МИА